Избраниците на Леонардо влегоа како апсолутен фаворит во натпреварот против Киево, со еден куп мотивации поради огромните шанси за превземање на тронот од рацете на Интер.
Иако се очекуваше многу поагресивна игра од страна на росонерите, сепак нивната игра во првото полувреме беше сосема очајна. Првото полувреме беше без некои посериозни шанси за гол. Кон голот на Киево се закани само Бориело со глава, но голманот на Киево го положи тешкиот испит. До крајот на првото полувреме Киево постигнаа еден погодок, кој беше поништен поради офсајд.
Драмата се одвиваше во второто полувреме, најпрво Пелисие во 53 минута се закани кон празниот гол на Абијати, но на вистинското место се најде Т.Силва.
Неколку минути подоцна Роналдињо од голема далечина го погоди внатрешниот дел на стативата, но росонерите немаа среќа па топката излезе надвор од голот.
Во 61 минута по една одлична асистенција на Роналдињо, Бориело не успеа да реализира. Во 70 минута Лусиано имаше одлична можност „волеј“ но биеше крај голот. Сепак најсериозната шанска за гол ја имаше Инзаги кој во 73 не успеа да го погоди голот на Киево. До последната фаза на натпреварот се посилен беше притисокот на Милан, па така Бекам во 83 минута се најде еден на еден со голманот на Киево, но среќата повторно беше против Милан.
Кога речиси сите надежи на росонерите беа изгубени, џокерот на Леонардо, Кларенс Сидорф од тешка позиција маестрално го матираше голманот на Киево за огромна радост на Сан Сиро.
До крајот на натпреварот немаше некои посериозни шанси, а натпреварот се затвори со конечните 1-0 за домаќините, со што росонерите опасно го напаѓаат тронот на Интер.
K.Д.
Sunday, March 14, 2010
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
Sepak Inter sampioni
ReplyDelete