Monday, March 22, 2010

Без победник заврши дербито на Сан Сиро!

Неделно попладневно дерби на Сан Сиро помеѓу Милан и Наполи. Откако во саботата Интер ремизираше против Палермо, Милан имаше одлична можност да го смени насловот во Серија А. После речиси еден месец младиот бразилец Пато се врати во составот на Леонардо, што создаваше дополнителни грижи за трењерот на Наполи.
Првите 10 минути претежно се играше на средината од теренот, но тоа се смени кога по една одлична акција на Лавеци, топката среќно се врати до Кампањаро кој реализираше за 0-1 .
По 15 минути игра Пато повторно се пожали на повреда по што Леонардо принудно мораше да изврши замена. Во 20 минута се зголеми притисокот кон голот на Абијати откако Лавеци се обиде атрактивно да го изненади Абијати.
Казната пристигна во 26 минута, откако Роналдињо мајсторски нафрли за Инзаги , а тој погоди за израмнување од 1-1 . До крајот на првото полувреме имаше неколку закани од двата тима преку Хамшик, Мансини, Роналдињо и Лавеци.
Во 49 минута Сидорф испрати одлична топка до Пипо и Мансини која не успеваат да ја искористат. 10 минути подоцна уште една закана на Милан откако Антонини и Роналдињо одлично создадоа застрашувачка акција која не успеа да ја доврше Инзаги.
Во 61 минута нова можност за гостите од Неапол, но Кујарела не успеа со глава да ја затресе мрежата на Милан. Веднаш потоа уште една одлична можност на Кујарела, но овој пат Абијати беше херојот на Милан.
Во последната фаза на натпреварот Милан се обидоа да создадат силен притисок, но мрежата на гостите мируваше до крајот на полувремето. Натпреварот заврши со головите од првото полувреме, Милан не успеа да го симне Интер од 6 годишниот трон, а дали тоа ќе му успее во преостанатите кола останува да видеме...

No comments:

Post a Comment