Monday, March 29, 2010

Уште еден кикс на Милан!


Во неделното дерби Милан влезе како апсолутен фаворит на натпреварот, поради лошата форма на Лацио оваа сезона, но тоа не беше така и во текот на натпреварот. И покрај тоа што Милан во составот немаше голем дел од првотимците, сепак не смееше да си дозволи кикс со оглед на можноста за избивање кон тронот на лигата.
Во почетокот на натпреварот целата иницијатива ја имаше Милан, напаѓајќи со голема желба за да се постигне погодок, првата посериозна шанса ја имаше Сидорф кој од огромна далечина си создаде простор за шут, но топката заврши крај голот на Муслера.
Потоа топката се држеше на средината од теренот, така во 16 минута Роки одлично го проигра Зарате кој не успеа да реализира за големо изненадување.Една минута подоцна, Сидорф уште еднаш во центарот на вниманието, повторно удар од далешина и повторно непрецизен.
Драмата се случи во 18 минута, откако Фламини беше совладан, а главниот судија досуди пенал, кој со многу среќа го реализираше Бориело, за огромна радост на Сан Сиро.
Радоста на миланезите траеше само 12 минути, откако Лихштајнер успеа да погоди по грешка на Антонини. Во последните мигови од првото полувреме иницијативата ја превзеде Лацио, создавајќи многу проблеми за несигурниот Дида.
Во второто полувреме повторно росонерите го форсираа нападот, најсериозната шанса ја имаше Антонини кој од далечина биеше силно, голманот беше совладан но лацијалите пречката ги спаси од нов пораз.
Во 66 минута ветеранот Инзаги добро се проби и нафрли прекрасна топка за Бориело кој не се снајде баш најдобро и не создаде посебни проблеми за Муслера. Неколку минути подоцна на два пати се закани Лацио преку Лихштајнер, односно Дијаз.
Во завршната фаза на натпреварот уште една сериозна шанса за Милан, но неискусниот Абате не се снајде најдобро во улога на напаѓач. До крајот на натпреварот имаше уште неколку очајнички обиди на Милан, но сепак натпреварот заврши со головите од првото полувреме.
Со овие киксови на Милан и Интер, најмногу профитиреше тимот од Рим кој итро ги користи своите можности и отвара широк пат кон лидерската позиција од Серија А.

No comments:

Post a Comment