Saturday, March 27, 2010

Рома се враќа во играта - „Трка за Скудетото“


Рома е таа која најсилната италијанска лига ја прави повторно многу неизвесна, откако на Олимпико го декласираше силниот Интер!! Натпреварот заврши со 2-1 со што Рома ја прави завршницата на Серија А се поинтересна, и поинтересна...
Неочекувано Римската Волчица на почетокот од натпреварот создаде силен притисок кон голот на Цезар, креирајќи мајсторски неколку шанси за гол. Првиот погодок пристигна во 17 минута, откако Де Роси ја искористи грешката на Цезар и прецизно биеше кон голот на Интер за посебна атмосфера на Олимпико.
Во продолжението од натпреварот Рома повтроно создаваше проблеми за последната линија на Интер, но најсериозната шанса и припадна на Самуел, кој во 42 минута со глава ја погоди пречката од голот на Рома.
Во вториот дел од натпреварот сосема различна игра на Интер, уште во раната фаза од вториот дел Милито можеше да израмни, но не ја искористи најдобро својата прилика.
Тоа што сите го очекуваа пристигна во 65 минута откако Милито постигна гол за 1-1. Горан Пандев со одлично додавање асистираше до Милито кој не успеа по втор пат да се запише во листата на стрелци.Казната дојде во 72 минута кога Тони реализираше за 2-1 и вклучување на Рома во трката по Скудетото.
Во последниот дел од второто полувреме Милито уште еднаш имаше одлична можност, но овој пат стативата на Рома не дозволи да се стави точка на Калчо Лигата.
Со овој натпревар Рома се доближува на -1 од Интер, а сега на потег е и Милан кој е на -4 и натпревар помалце во однос на првопласираниот Интер.

No comments:

Post a Comment