
Во првиот „двобој“ се среќаваат гигантот од Англија- Манчестер Јунајтед и многу незгодниот противник од Германија Баерн Минхен.Во вториот дуел се среќаваат француските екипи Лион и Бордо
Баерн Минхен - Манчестер Јунајтед И двете екипи се во серија на одлични резултати. Од едната страна Баерн Минхен има некаква предност бидејќи Манчестер Јунајтед гостуваат на Алианц Арената, а тука е и „незапирливото“ дуо Рибери - Робен кој имаат моќ да создадат многу непријатности за Ван дер Сар, но сепак Манчестер е тим кој многу лесно може да го реше натпреварот, првенствено преку одличниот Руни, а како негова поддршка тука се Валенсија и Нани, кои влегуваат во прекрасна форма. На секој почеток од натпреварите Манчестер влегува во мини-криза, која максимално треба да ја искористат баварците, ако Манчестер постигнат први гол , тогаш натпреварот ќе заврше уште со неколку гола во мрежата на Баерн како што беше и случајот со Милан.
Би типувал на нерешен резултат. Бидејќи Манчестер можеби е посилниот тим, но Баерн има домашен терен и играчи кои лесно можат да решат ваков натпревар.
Лион - Бордо. Ова е натпревар помеѓу две француски екипи. Како и да е во полуфиналето ќе гледаме една француска екипа без разлика која ќе биде од двете. Лион во француското првенство е во лоша форма се наоѓа во далеку полоша позиција од ланската година, дури на петтото место. За разлика од нив Бордо ја предводи француската лига и е во одлична форма. Лион покажа дека знае да игра во ЛШ декласирајќи го Реал Мадрид на свој терен, освен тоа во составор го имаат еден од најдобрите деструктивци Гуркуф, од кој се очекува голем придонес. Бордо е најефикасниот тим во ЛШ, ретко губи, играта му е со многу трчање и одлична организација.
Би типувал за Бордо. Поради далеку подобрата форма од Лион, но во никој случај не смее да се потцени Лион кој му одржа добра лекција на Реал од Мадрид.